Connect with us

Тајмаут

Кинси го остава Витали: Играчот на Ливерпул ми испрати порака на Инстаграм

Финалето на Лигата на шампионите остана во сенка на атрактивната Кинси Волански која истрча на теренот во текот на првото полувреме.

Ливерпул и Тотенхем во финалето не ни понудиа натпревар каков што се очекуваше, а доволен доказ за тоа е и фактот дека атрактивната Кинси која истрча на теренот се уште е главна тема во светската јавност.

Кинси стекна голема популарност преку ноќ и од 200.000 дојде до бројка од скоро три милиони следбеници на друштвената мрежа Инстаграм. Атрактивната плавуша со овој потег ја изрекламира веб страната за возрасни на својот дечко „Vitaly Uncensored“.

Упадот во финалето од Лигата на шампионите му донесе неверојатна популарност на оваа страна за возрасни, чија вредност порасна на 3,97 милиони долари и „упадот“ на теренот апсолутно се исплати. Самиот Витали во минатото често упаѓал на важни настани, а често поради тоа завршувал зад решетки.

На новото видео кое го објави нејзиниот дечко Витали таа откри дека добила порака од еден играч на Ливерпул на Инстаграм, но не открила за кој се работи.

„Ох, ова е неверојатно. Штотуку добив порака од играч на Ливерпул на Инстаграм. Го оставам Витали поради него. Не, смо се шегувам. Никогаш не би го оставил Витали“, порача Кинси.