Connect with us

Фудбал

Кинтана победи на 17-та етапа на Тур де Франс, Томас се зацврсти на водечката позиција во генералниот пласман

Колумбискиот велосипедист Наиро Кинтана од тимот Мовистар победи на 17-та етапа од трката „Тур де Франс“, а носителот на жолтата маица Британецот, Герајнт Томас од тимот Скај се зацврсти на водечката позиција во генералниот пласман.

Кинтана планинската етапа од Бањер де Лишон до Сан Лари Сулан со должина од 65 километри ја помина за два часа, 21 минута и 28 секунди, а ирскиот велосипедист Даниел Мартин од тимот Емирати пистигна втор со задоцнување од 28 секунди.

Томас етапата ја заврши на третата позиција и ја зголеми предноста во генералниот пласман пред холандскиот велосипедист Том Димулан од тимот Сунвеб, кој е на втората позиција, и неговиот клупски колега Кристофер Фрум, кој е третопласиран.

Утре се вози 18-та етапа со должина од 172 километри по рамен терен.