Connect with us

Други спортови

Кирјос побара помош од психолог

Се чини дека и на контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос му се досади да биде на насловната страница на светските медиуми заради своето однесување, наместо поради резултатите и затоа одлучи да побара помош.

Тој призна дека посетува психолог и сака ментално да биде посилен во преостанатиот дел од сезоната.

  • Почнав да одам на состаноци со психолг за да ја засилам мојата ментална состојба. Немам што да кријам. Премногу тренирав и морав да се борам со проблемите на теренот и надвор од него. се чувствувам слободно и имам чувство дека нема што да кријам, изјави Кирјос.

Австралиецот има испад на секој турнир на кој што ќе се појави, а често и одбиваше да игра натпревари и без борба им ги даваше поените на противниците.