Фудбал
Кјелини: Бонучи ми е пријател, но… ги почитувам моите соиграчи
Капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини кажа дека Бонучи му е пријател, но незнае дали ќе се врати од Милан.
„Леонардо е мој пријател“.
„Ги поминувам одморите со него и со семејството. Знам за неговиот квалитет, но не знам што ќе биде. Тоа не е лесно, сакам да ги почитувам моите соиграчи“.
„Не сум претседател или директор, така да ќе видиме што ќе се случи до крајот на преодниот рок. Ќе видиме дали Леонардо ќе дојде“.
Исто така зборуваше и за Кристијано Роналдо.
„Им реков на моите пријатели – па нее, тоа не е можно“,
„Потоа, еден ден помислив дека тоа е можно. Со нашата управа тоа е можно. Јувентус напредува од година во година и потребни му се шампиони како што е Кристијано“.
„Возбуден сум и подготвен сум да работам со него. Сите се подготвени да соработуваа со него и се надеваме дека ќе ги оствариме своите цели“.
Бонучи го напушти Јувентус во лоша атмосфера по изгубеното финале од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а се шпекулираше дека главната причина за заминувањето била расправијата со некои играчи и со тренерот Алегри.