Connect with us

Фудбал

Кјелини официјално во ЛА: Имам силно чувство

Искусниот дефанзивец Џорџо Киелини во понеделникот официјално беше претставен како нов играч на ФК Лос Анџелес.

Италијанецот потпиша договор за сезоната 2023, откако го напушти Јувентус, каде помина дури 18 години.

„Имам силно чувство кога станува збор за ново поглавје во мојата кариера. Благодарен сум за сите години што ги поминав во Јувентус и се надевам дека ќе освојам уште многу трофеи во Лос Анџелес“, изјави Кјелини.

„Тој е единствен. Не можам да се сетам на играч кој како него е толку победник и капитен. Нема многу такви играчи“, изјави тренерот на клубот Џон Торингтон.