Connect with us

Фудбал

Клајверт: Би сакал малку повеќе да играм

Младиот холандски фудбалер Џастин Клајверт летово стигна во Рома од Ајакс, во кој минатиов период покажа дека има голем талент.

Меѓутоа 19- годишниот Клајверт добива мала минутажа, што до некаде е и логично за толку млад фудбалер во конкуренција каква што има римскиот клуб.

Клајверт беше стартер само на натпреварот против Викторија Плзен во кој го постигна и првиот гол за Рома.

„Тешко е да се објасни процесот кој сега го поминувам. Од една страна чувствувам дека напредувам и секој ден станувам се подобар играч, а од друга страна… Жал ми е што не играм. Би сакал малку повеќе да играм, почесто да бидам стартер, како против Викторија“ кажа Клајверт, па додаде:

„Како и да е, знам дека моето време ќе дојде. Порано или подоцна, но ќе дојде таа шанса. Мене ми преостанува да бидам стрплив и вредно да работам, а верувам дека во Рома ќе покажам колку вредам“.

Рома за услугите за младиот Џастин Клајверт му плати на Ајакс 18,75 милиони евра, што е еден од поголемите трансфери за италијанскиот клуб ова лето.