Connect with us

Фудбал

Класен: Во Англија се се врти околу парите, мило ми е што си заминав

Холандскиот играч од средниот ред Дејви Класен минатата година стигна во Евертон како големо засилување од Ајакс за 27 милиони евра, но ова лето е продаден во Вердер речиси за половина износ.

Додека беше во Англија, Класен не не играше честоа, а и не се снајде во новата средина. Во Премиер лигата стартуваше само на три натпревари, а потоа падна во втор план.

За 25-годишниот Холанѓанец најдобрата опција беше да замине во некој друг клуб, а тоа како што самиот кажува едвај го чекал.

„Во Англија не се снајдов. Таму се се врти околу парите, клубовите имаат толку пари што можат да купат се што ќе посакаат. Мене тоа не ми се допадна. Во Германија е поинаку, овде клубовите не располагаат со толку пари и повеќе се грижат за развојот на некои нови идеи, фудбалски филозофии… На некој начин доаѓањето во Вердер за мене е чекор кој ме враќа кон корените на фудбалот“ кажа Класен.