Фудбал
Клаудио Маркизио потпиша за Зенит
Искусниот италијански фудбалер од средниот ред Клаудио Маркизио (32) е новиот член на Зенит.
После 25 години поминати во Јувентус, Маркизио ова лето ја заврши својата долга епизода во клубот од Торино и стана слободен играч.
Неколку клубови сакаа да го видат Маркизио во своите редови, но на крајот, можеби малку и неочекувано, тој ја прифатил понудата од Русија и премина во редовите на еден од најславните клубови од таа земја која оваа сезона се натпреварува во Лига Европа.
Клаудио Маркизио со Зенит потпиша две годишен договор и ќе дебитира веднаш по репрезентативната пауза.
Benvenuto, Claudio ???
Claudio Marchisio is officially a Zenit-player!#MarchisioIsZenit pic.twitter.com/fAOBSEtyWZ
— FC Zenit in English? (@fczenit_en) September 3, 2018