Connect with us

Кошарка

Кливленд против Индијана бара излез од серијата порази

Минатогодишниот финалист во плејофот, Кливленд Кавалирс претрпе нов убедлив пораз, откако ноќеска на гостувањето во Торнонто загуби со 133-99.

Уште на полувремето домашниот тим создаде голема предност од 25 поени, која во вториот дел постепено и ја зголемуваше, за на крајот „Репторси“ да слават со убедливи 34 поени разлика. Дури седуммина играчи на Торонто средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Најмногу постигна Фред Ван Влет 22 што е негов рекорд во кариерата, додека забележителен настап имаше и Литванецот, Јонас Валанчиунас со дабл-дабл учинок од 15 поени и 18 скокови, најмногу сезонава.

На Кливленд не му помогна нити Леброн Џејмс кос со 26-те поени беше најефикасн на натпреварот. За Кливленд ова беше шести пораз на последните осум натпревари, со што „Кавси“ паднаа на третата позиција на табелата во Источната конференција, зад Бостон и синоќешниот противник Торонто.

Следен натпревар за Кливленд е Индијана, екипа која се бори да остане во носителите во плејофот во истокот.