Connect with us

Фудбал

Клоп ги смирува тензиите: „Салах минува низ тежок период“

Ливерпул ја совлада Бенифка со 1:3 во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите и со тоа дојде до голема предност пред реваншот на „Енфилд“ следната недела.

По натпреварот, одлуката на Јирген Клоп да го извади од игра Мохамед Салах втор натпревар по ред предизвика многу коментари. Истото го направи и за викендот на натпреварот од Премиер лигата против Ватфорд.

Некои веќе зборуваат за судбината на Салах на „Енфилд“, самиот Египќанец не беше презадоволен од одлуките на Клоп, но по мечот во Лисабон, германскиот стручњак објасни се.

„Не сум направил ништо поразлично од она што вообичаено го правам. Секогаш проценувам дали играчот е подготвен за промени и како играчите можат да одговорат во даден момент. Ако натпреварот на некој начин е „одлучен“, гледам да ги распределам минутите на играчите што е можно подобро“, рече Клоп, додавајќи:

„Го разбирам Салах. Тој минува низ тежок период, но тоа е и составен дел од фудбалот. Исто така Слах и Мане се се почесто на релација Африка-Европа на почетокот на оваа година, што исто така остава притисок и замор на играчи“.

Салах беше заменет на дуелот против Бенфика во 61. минута кога на теренот влезе Диого Жота, а „црвените“ веќе викендов ги очекува дерби на сезоната против Манчестер Сити, што може да понуди многу одговори кога е англискиот шампион во прашање за тековната сезона.