Connect with us

Фудбал

Клоп ја откри најголемата тајна на успехот на Салах и Мане, се е до нивната вера

Садио Мане и Мохамед Салах се типови на играчи кои секој тренер ги посакува во својот тим.

Мане и Салах со години се напаѓачи на Ливерпул, со кои се искачија на покривот на Англија, Европа и светот.

На неодамнешниот африкански куп на нации играа финале еден против друг, а неколку дена им беа доволни целосно да се опорават и да се вратат на исцрпувачките натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

И додека многу играчи во слични случаи бараат одмор од клубовите и дополнителни слободни денови, ова не е случај со Мане и Салах кои многу брзо се најдоа на теренот.

Нивниот тренер Јирген Клоп пред неколку дена ја откри тајната на успехот на двете најголеми африкански ѕвезди и се е поврзано со нивната вера.

Мане и Салах ја практикуваат исламската религијата, познати се дека се многу религиозни и нивните религиозни верувања им забрануваат да користат алкохол. Тоа е клучниот рецепт, смета Клоп.

„Двајцата воопшто не пијат алкохол. Обично тоа е главниот проблем кога славите нешто, тоа го убива или го продолжува вашето време за опоравување“.

„Беа подготвени ден по финалниот натпревар. И двајцата се сила на природата. Се надевам дека ќе биде така засекогаш. Тие се опоравија исклучително брзо“, изјави Клоп.

Одличните фудбалери викендов беа во акција и погодија во победата над Норич. Пред натпреварот, Сенегалецот направи гест достоен за восхит.

Пред натпреварот спикерот на стадионот планираше да му честита на Мане и да го потсети на деталот дека со Сенегал го освои Африканскиот куп на нации, за да добие дополнителен аплауз, кој Мане го одби поради почит кон Салах бидејќи Египет беше поразен во финалето.

Инаку, во март Салах и Мане ги очекува нова репрезентативна пресметка бидејќи Фарони и Лавовите ќе играат во баражот за Светското првенство во Катар.