Connect with us

Фудбал

Клоп ја спушта топката пред финалето

Во финалето на Лигата на шампионите ќе играат Ливерпул и Реал Мадрид.

Тоа ќе биде реприза на финалето од 2018 година, кога Реал славеше со 3:1, пред се благодарение на грешките на голманот Лорис Кариус, но и повредата на Мохамед Салах по прекршокот направен од Серхио Рамос.

Ливерпул не гледа во „одмазда“ за 2018 година, но навивачите нема да го заборават однесувањето на Рамос. Сепак, Клоп ги смири тензиите.

„Во најава е ново финале и добар натпревар. Ќе биде сосема поинаку од 2018 година“, изјави Клоп.

Ливерпул во полуфиналето го елиминира Виљареал, а Реал по епскиот пресврт беше подобар од Манчестер Сити.

Ливерпул има шест европски титули, Реал 13, а кој ќе ја прослави новата титула во Париз, останува да видиме.

На ова се може да се додаде и дека за Реал ова е петто финале во последната деценија, а за Ливерпул трето во последните пет сезони.