Connect with us

Фудбал

Клоп може мирно да се подготви за новата сезона: Мане заминува, но пристигнува фантастична замена

Садио Мане ќе го напушти Ливерпул и наскоро ќе стане нов играч на Баерн.

Сенегалскиот фудбалер им соопшти на соиграчите дека го напушта клубот и наскоро треба да се очекува трансфер во редовите на германскиот великан.

Ливерпул нема да му прави проблеми на Мане при заминувањето од клубот. За него ќе инкасира цифра меѓу 30 и 40 милиони евра, а веќе се разговараше со момчето кое треба да го замени во Црвените.

Тоа е францускиот фудбалер Усман Дембеле. Каталонскиот весник Спорт наведува дека управата на Ливерпул стапила во контакт со агентите на 24-годишниот крилен напаѓач и ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Извесно е дека Јирген Клоп ќе биде задоволен од замената за Мане. Тој добро го познава Дембеле и Французинот може да експлодира под негово водство.

Да потсетиме, Дембеле реши да ја напушти Барселона по пет години минати во клубот. Тој не успеа да постигне договор за продолжување на соработката и е подготвен за нови предизвици.

Доволно понуди на неговото биро. Тој беше поврзуван со Челзи и ПСЖ, но сега е во Ливерпул и нема да биде изненадување доколку Французинот заврши на „Енфилд“.

Дембеле за каталонскиот великан играше пет години. Тој пристигна во трансфер вреден 145 милиони евра од Борусија Дортмунд, но поради честите повреди не покажа се што знае.

За Барселона одигра вкупно 150 натпревари и постигна 32 гола.