Фудбал
Клоп: Не постои ниту една шанса да срушиме рекорд ако постојано размислувме за тоа
Легендарниот тренер на Ливерпул, германецот Јирген Клоп, не сака да размислува за срушување на рекордот по освоени бода во Премиер лигата.
Клоп се смета за легенда во Ливерпул, бидејки по 30 годни ја донесе тутулата од ПЛ на „Енфилд“.
„Црвените“ денес во натпреварот од 33. коло ја победија Астон Вила со 2:0.
„Можам да кажам само едно. Не постои ниту една шанса да срушиме рекорд ако постојано размислувме за тоа. Не ни треба рекорд, потребни ни се три бода. Ние не размислуваме за такви работи. Да се освојат три бода е веќе прилично тешка задача. Денес, Астон Вила се бореше напорно и ги искомплицира нашите животи. Ми се допадна средбата, настапот не беше брилијантен, но беше доволно да победиме“, истакна Клоп.
Ливерпул по 33 кола е убедливо прв во Премиер лигата со 89 бода и обезбедена шампионска титула.