Connect with us

Фудбал

Клоп по вториот трофеј сезонава: Имаме менталитет на чудовиште

По подоброто изведување пенали, Ливерпул вечерва на Вембли го совлада Челзи и го освои ФА Купот.

Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп сепак не го криеше својот ентузијазам:

 

„Имаме менталитет на чудовиште, но видовме и играчи на Челзи кои имаат менталитет на чудовиште. Разликата беше пенали, тоа е се. Челзи одигра одлично, извонредно, но на крајот мора да има само еден победник и денеска бевме ние. Ќе бидеме среќни“.

 

„Нашиот настап беше повторно ист, неверојатно интензивен натпревар против Челзи. Вредеше победата како во Лига купот, разликите се мали. Не можам да бидам повеќе горд на моите момчиња поради тоа што го направија, колку тие се борев и колку беше тешко“, изјави Јирген Клоп, пренесува Би-Би-Си.

 

Ливерпул оваа сезона го освои и англискиот Лига куп, откако во финалето славеше и над Челзи по пенали со 11-10.

 

Следен предизвик за Ливерпул е финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 28 мај во Париз, а не е се загубено во Премиер лигата каде Сити е уште на големи три бода.

 

Да потсетиме, Фабињо беше повреден и претходно и треба да се врати во финалето на Лигата на шампионите, а Клоп е загрижен за денешните повреди на Салах и Ван Дијк.