Connect with us

Фудбал

Клоп покажа каков господин е: Се пласираа во финалето, а тој се сети на играчот на позајмица

Јирген Клоп се најде во центарот на вниманието на синоќешната прес-конференција откако Ливерпул се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

„Црвените“ потешко од очекувањата успеаја да стигнат до финалето бидејќи синоќа Виљареал блескаше во првото полувреме. Жолтата подморница поведе со 2:0 и ја анулираше предноста на црвените од првиот меч, но гостите до крајот на натпреварот успеаја да направат пресврт.

Ливерпул на крајот славеше со 3:2 во синоќешниот натпревар и сосема заслужено се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите, каде ќе игра против подобриот од дуелот Реал Мадрид – Манчестер Сити.

По натпреварот се одржа прес-конференција, а Клоп беше во центарот на вниманието бидејќи уште еднаш покажа за каков господин се работи. Иако неговиот тим се пласираше во финалето, тој тоа го искористи да спомене еден од своите играчи кој моментално е на позајмица.

Станува збор за Нат Филипс кој моментално игра на позајмица до крајот на сезоната во Борнмаут, а синоќа со тој клуб успеа да обезбеди враќање во ПЛ.

ПР-от на Ливерпул го означи крајот на прес-конференцијата во Де ла Керамика, а потоа скокна Клоп со уште една реченица: „Инаку, честитки за Нат Филипс вака“.

Филипс во јануари замина во Бурнмаут на позајмица до крајот на сезоната и тоа беше одличен потег. Тој е стандарден во овој тим и има одиграно 16 натпревари, а синоќа со овој тим го прослави местото во Премиер лигата.