Connect with us

Фудбал

Клоп потврди: Еден од најважните играчи ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите

За петнаесетина дена во Париз не очекува финалето на Лигата на шампионите каде силите ќе ги одмерат Ливерпул и Реал Мадрид.

Ливерпул дотогаш има пеколен распоред бидејќи е во трка со Манчестер Сити за титулата во Англија, а треба да игра и во финалето на ФА Купот против Челзи.

Главоболка на Јирген Клоп предизвикува и повредата на Фабињо, но се чини дека бразилскиот играч за врска ќе биде подготвен за големото финале.

Играчот од средниот ред на „црвените“ заработи повреда на мускулот на „Вила Парк“ кон средината на неделата, а Клоп на прес-конференција пред натпреварот со Челзи денеска откри позитивни вести.

„Тој дефинитивно ќе се врати за финалето на Лигата на шампионите, а за финалето против Челзи претходно, ќе видиме, не знаеме. Тоа е тоа“, рече Клоп и додаде:

„Фабињо е професионалец, не беше среќен поради тоа, тоа е јасно, но тој веќе ќе се бори со времето. Така е“.

„Не е доволно ако сте подготвени во петок пред финалето, треба да биде во вторник или среда или нешто слично и работиме на тоа и сите сме многу сигурни дека така ќе биде“, заклучи тој.