Фудбал
Клоп во потрага по напаѓач: Три имиња на листата на желби
Ливерпул веќе има една од најдобрите офанзивни линии во светот. Сепак, на Јирген Клоп тоа не му е доволно, па според британските медиуми, приоритет на Ливерпул ќе биде уште еден напаѓач во следниот преоден рок.
Дали на Енфилд сметаат дека може да имаат подобро од ова трио Мане – Фирмињо – Салах, или можеби го подготвуваат теренот за заминувањето на еден од наведените фудбалот не е јасно, но „Дејли Мејл“ објави дека Клоп направи листа на желби што ги содржи имињата на три големи офанзивни играчи.
Ливерпул продолжува да ја „тероризира“ одбраната на противникот и по заминувањето на Кутињо, кој се пресели во Барса, а се чини дека сега сакаат дел од пари што ги заработија на неговиот трансфер да ги инвестираат во ново засилување во нападот.
Според „Дејли Мејл“, Ливерпул ќе го започне тргувањето во летниот преоден рок со тоа што ќе доведе еден напаѓач, а наводно на листата на желби биле фудбалерот на Бордо Малком, талентиран играч на Борусија Дортмунд Кристијан Пулишиќ и фудбалерот на Леверкузен Леон Бејли.
Малком е веќе поврзан со можно доаѓањето во Премиер Лигата, и за него наводно биле заинтересирани Тотенхем и Арсенал, пред да се одлучат за други опции. Исто како Малком, и Пулишиќ и Бејли се поврзува со неколку клубови на „островот“, и останува да се види дали некој од нив ќе заврши точно на Енфилд.
Покрај споменатите играчи, во последните неколку дена се појавија информации дека одличниот фудбалер на Лион Набил Фекир, е на мета на Ливерпул, но во меѓувреме неговиот татко, го негираше постоењето на можноста, Набил да премини во Ливерпул.