Connect with us

Фудбал

Клоп задоволен од пласманот во четвртфиналето, не и од играта во реваншот со Порто

Фудбалерите на Ливерпул изборија пласман во четврфиналето на Лигата на шампионите, но нивниот тренер Јирген Клоп не беше многу задоволен по ремито без голови синоќа на свој терен со Порто.

– Тоа не беше најспектакуларниот натпревар, но целосно ги контролиравме настаните на теренот. Освен тоа, имавме некои чисти позиции, а во исто време не постигнавме гол. Се разбира, сакавме да победиме, но Порто, исто така, играше борбено. Среќен сум поради пласманот во четвртфиналето, но не и од резултатот на реваншот.

Ливерпул е меѓу осумте најдобри во елитното фудбалско натпреварување првпат по 2009 година.