Connect with us

Фудбал

Клоп искрен за првиот настап на големото засилување: „И мене тоа ме изненади”

Ливерпул го победи Лестер 2:0 во четвртокот вечерта и го одржува чекорот со водечкиот Манчестер Сити, кој сé уште има голема предност.

„Црвените“ со двата гола на Диого Јота дојдоа до важна победа без некои значајни играчи кои настапуваа во Африканскиот куп на нации. Садио Мане не играше, дури подоцна во игра влезе Мохамед Салах, но Луис Дијаз кој беше купен овој јануари од Порто играше од првата минута.

Дијаз беше многу незгоден за дефанзивците на Лестер и покрај тоа што не постигна гол или асистенција. Се гледаше дека е мотивиран, дека има квалитет, особено беше видливо дека е експлозивен и се чини дека ќе биде вистински играч за Црвените.

Клоп беше воодушевен од напорите на Дијаз, а новинарите го прашаа како „изгледа како играч на Ливерпул“.

„И јас бев изненаден од тоа“, призна германскиот селектор и додаде: „Токму така изгледаше на тренинзите, па си помисливме: „Добро, зошто да не го пробаме“? Брзо се вклопи, тоа се случи. Не му треба долго да ги врзе конците“.

„Само го пуштивме да игра и очигледно не гледаше претходно, ја разбира нашата игра. Учествуваше во многу напади, навистина добра игра“, додаде Клоп, уверен дека Дијаз ќе му биде добар конкурент на Садио Мане на левото крило.

Ливерпул сега заостанува девет бода зад лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити и има натпревар помалку.