Connect with us

Фудбал

Клосе ќе го донесе трофејот на сцената пред ждрепката за СП

Најефикасниот фудбалер во историјата на Светските првенства, Мирослав Клосе ќе го донесе трофејот на сцената пред да почне извлекувањето на групите за Мундијалот 2018, открија организаторите.

Церемонијата ќе се одржи на 1 декември во Москва, а 39-годишниот Клосе ќе излезе во својство не само на рекордер по голови на светските првенства, туку и како актуелен шампион со репрезентацијата на Германија на СП 2014 во Бразил.

-Се чувствувам посебно од фактот дека некако ќе продолжам да бидам дел од светското првенство, иако веќе ја завршив кариерата. Среќен сум што ќе можам да го презентира пред Русија и пред светот овој трофеј кој го освоивме со многу труд во Бразил во 2014 година, рече Клосе.

Тој со 16 голови е прв на листата на стрелците на Мундијалите.