Connect with us

Фудбал

„Клубот го одби Атлетико Мадрид, во спротивно не би одел во Милано!“

Во интервјуто за шпанскиот весник „Марка“, португалскиот играч од средниот ред Жоао Марио, кој летово се пресели од Интер во Локомотив Москва, објаснува што го мотивирало да се пресели во Русија.

„Во овој момент во мојата кариера, најважно е да играм! Локомотив ме сакаше и откако размислив, прифатив. Се почувствував како важен играч, плус Шампионот е голема мотивација“.

„Поминав лошо во Италија и за среќа заминав“. 

Жоао Марио, после тоа, раскажува уште една приказна, кога неговиот тим играл против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

„Во сезоната 2014-2015 година, Атлетико испрати понуда, но Спортинг Лисабон ја одби и следната сезона отидов во Интер. Спортинг го одби Атлетико, во спротивно ќе одам таму! Потоа како најдобра остануваше понудата на клубот од Италија и така ја напуштив Португалија“.