Connect with us

Фудбал

Клубот му врачи отказ поради поддршка за Палестина, но ги доби на суд, сега Германците треба да му платат милионско обештетување

Судот во Мајнц пресуди во корист на Анвар Ел Гази и ја укина одлуката за негово отпуштање во Мајнц, Германија, поради изразување поддршка за Палестина. Холандскиот фудбалер со марокански корени во ноември минатата година доби отказ од Мајнц по што возврати со тужба.

Епилогот  е Мајнц ќе треба да му плати 1,7 милиони евра на 29-годишниот фудбалер, а договорот меѓу двете страни останува на сила. Договорот на играчот првично требаше да истече на крајот на јуни оваа година, но тој вклучуваше клаузула за едногодишно продолжување доколку Мајнц остане во Бундеслигата како што направи, така што договорот беше автоматски продолжен.