Connect with us

Фудбал

Клубот во кој играа Роберто Карлос, Самуел Ето, доживеа тежок удар, падна многу ниско

Анжи Махачкала, рускиот клуб во кој настапуваа ѕвезди како Роберто Карлос и Самуел Ето, доживеа тежок удар.

Тимот не доби лиценца за трета лига и е блиску до целосно згаснување, но поранешните играчи не сакаат да дозволат таков епилог.

Некои фудбалери кои го носеа дресот на Анжи сакаат да отплатат одреден дел од финансискиот долг за да не се затвори Анжи или поточно клубот да продолжи од петтиот или шестиот степен на рускиот фудбал и да се обиде да се врати на повисоко ниво години подоцна.

Исклучувањето и исчезнувањето од фудбалската мапа би било последната капка за овој клуб, а тие не сакаат да го дозволат тоа.

Сулејман Керимов, сопственикот на Анжи, сонуваше за голем успех во Лигата на шампионите, поради што потроши милиони евра за нови играчи. Можел да си го дозволи тоа, бидејќи неговото богатство се проценувало на шест милијарди евра.

Во 2011 година, клубот за прв пат играше во руската Премиер лига. Натпреварите се играа на новиот стадион кој е изграден на брегот на Каспиското Море.

Идилата траеше до почетокот на сезоната 2013/2014. Потоа почнаа сериозни проблеми. По две кола тимот имаше само еден бод, а тренерот Хидинк остана без работа. Тој беше заменет со Рене Меуленстин, еден од помошниците на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед.

По четвртото коло и уште еден пораз, Керимов се онесвести во текот на мечот и многу се вознемири. Го скрати буџетот на клубот и реши да ги продаде ѕвездите.

За овој клуб своевремено играа големи имиња како што се Самуел Ето, Роберто Карлос, потоа русинот Жирков, Ласана Дијара, Мароканецот Мбарк Бусафа.