Connect with us

Тајмаут

Коби Брајант на тренинг со ПСЖ

Легендарниот поранешен кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, присуствуваше на тренинг на Пари Сен Жермен.

Брајант, кој ја заврши кариерата во 2016 година, се снимаше со ѕвездите на парискиот фудбалски клуб, разменуваше неколку зборови, а потоа му се приклучи на тимот.

Брајант покажа добра контрола врз топката и со нозе, а не само во рацете во улога на која сме навикнати да го гледаме.

За Коби не е непознат фудбалот. Тој го тренираше како дете во Италија, каде што неговата љубов кон Милан доаѓа пред да се упати кон кошарка и да одигра 20 извонредни сезони за „езерата“.