Connect with us

Фудбал

Кога ќе се замеша таткото, по 7 години, сака да го врати во Барселона, местото каде што почна

Постои можност играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара да се врати во Барселона, а главен иницијатор за тоа е неговиот татко. „Мундо Депортиво“ тврди дека извршниот директор на каталонскиот гигант, Хавиер Бордас внимателно внимава на состојбата на 29-годишниот фудбалер, кој е дете на Барса но не успеа да се наметне во составот и во 2013 година замина за Минхен.

Тиаго е шесткратен германски шампион и трипати го има освоено германскиот куп и Суперкупот. Во неговата витрина има и Европски супер куп и Светското клупско првенство.

Оваа сезона шпанскиот репрезентативец има 22 натпревари и 3 гола во Бундеслигата. Неговиот договор со Баерн е до летото 2021 година и се очекува да биде продолжен.