Connect with us

Фудбал

Кои четири репрезентации испратиа понуди до Далиќ?

Хрватскиот селектор Златко Далиќ доби одлични понуди од други репрезентации по големиот успех на Светското првенство во Русија.

Далиќ ја одведе Хрватска во финалето на Мунфијалот во Русија и се очекуваше дека ќе го сакаат во многу земји. Со оглед на тоа што не е сигурен дали ќе остане селектор на „Ватрените“, на адресата на Далиќ пристигаат бројни понуди.

По враќањето во Хрватска Далиќ за новинарите кажа дека има четири одлични понуди, но тогаш не сакаше да каже за кои земји станува збор.

Како што пренесува 24вести, за селектор го сакаат Јапонија, Иран, Египет и Узбекистан, и му нудат вистинско богатство.

Цифрите се далеку поголеми во однос на оние кои ги заработуваше во Хрватска, но на Далиќ парите во овој момент не му се приоритетне работа. Не е исклучено во наредниот период Далиќ да добие понуди и од некои клубови, но тој сепак на Хрватска му дава предност во преговорите.