Connect with us

Фудбал

Кој друг ќе го спасува Реал ако не Бензема! (ВИДЕО)

Карим Бензема не брилјираше во регуларниот дел од натпреварот против Челзи, но најдобар е кога е најпотребен.

Натпреварот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ отиде во продолжение, а Бензема им ја врати предноста на „кралевите“.

Многумина го видоа Реал на излезната врата од Лигата на шампионите, но сега повторно ги свртеа работите.

Се играше петтата минута од првото продолжение кога Винисиус постигна гол, а Бензема со глава ја испрати топката во мрежата.