Connect with us

Фудбал

Кој ќе оди во Реал? ? Пјаниќ или Алкантара?

И покрај тоа што се изборија за уште едно финале од Лигата на шампионите, во Реал веќе размислуваат за новата сезона, претседателот на “Кралскиот клуб” Флорентино Перез има намера да го зајакне средниот ред.

Имено, donbalon.com вели дека на врвот на листата на желби на Перез се Миралем Пјаниќ (Јувентус) и Тиаго Алкантара (Баерн).

Двајцата играчи наводно се почитувани во Реал, но проблемот при евентуална реализација на трансферот е дорбата понуда, бидејќи Јувентус и Баерн нема да размислат за нивната продажба без добра понуда.

Затоа на листата на желби на актуелниот европски шампион има два млади играчи од средниот ред, Фабијан Руиз (Бетис) и Максим Лопез (Марсеј).

Фабијан Руиз може да го напушти Бетис во секое време ако му се исплати 30 милиони евра за клубот, а се претпоставува дека Лопез, не е ништо поскап.