Connect with us

Фудбал

Кој ќе застане зад Роналдо ако не тој? Правилно ги посрамоти играчите на Јунајтед, а го одбрани Роналдо

Манчестер Јунајтед имаше страшен старт на новата сезона.

Црвените ѓаволи за прв пат по 1992 година по две кола се на дното во англиската Премиер лига, а да потсетиме беа поразени од Брајтон со 1:2, и од Брентфорд со 4:0.

Дополнителен проблем во тимот е најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо. Португалецот очајно сака да го напушти клубот и да се приклучи на тим кој игра во Лигата на шампионите и има најголеми цели.

За целата ситуација проговори Луис Нани, поранешен играч на „црвените ѓаволи“ и многу добар пријател на Кристијано Роналдо.

„Не сакам да зборувам за настапите на играчите, но и самите гледате дека нема никаков знак на глад за победа. Не гледам никаква одлучност или волја за победа во клубот.

Секако дека имаат многу талентирани фудбалери во соблекувалната, но не сакаат да се заморуваат на теренот. Ако напорно одев да победам, обилно ќе се потев. Напротив, тие претпочитаат да не се потат“, заклучува 35-годишниот Португалец во поткастот на Рио Фердинанд „VIBE WITH FIVE“.

После тоа проговори и за Кристијано Роналдо и застана во негова одбрана:

„Помина долго време откако последен пат игравме заедно во ист тим. Времињата се менуваат, а исто така и однесувањето и реакциите на секој човек.

Но, како што гледаме, Кристијано го прави она што секогаш го прави. Не сака да губи, па на некој начин реагира кога на неговиот тим не му оди. Единствената разлика сега е што Кристијано е малку постар. Моментално е во тим кој по секоја цена се обидува да се подобри, но тоа не се случува преку ноќ. Ќе биде потребно време.

Проблемот е што Кристијано повеќе нема време да губи натпревари во тимот за обнова или да ја чека следната сезона. Тој едноставно сака да биде во врвен клуб, да постигнува важни голови и да биде одлучувачки фактор.

Затоа мислам дека неговата реакција во оваа ситуација е нормална, иако секако сите понекогаш имаме лош ден и не реагираме совршено во еден момент“.

Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра во понеделник против Ливерпул во третото коло од Премиер лигата и ќе има уште една тешка задача.

Напротив, „Редсите“ се фаворити во овој натпревар и многу лесно може да се случи Јунајтед и по три кола да остане без бодови.