Connect with us

Тајмаут

Која е мистериозната докторка Маријана? По нејзиниот третман Ѓоковиќ гази се пред себе, го лекувала и Роналдо

Маријана Ковачевиќ стана позната како доктор кој им помага на најголемите спортски ѕвезди брзо да закрепнат и што побрзо да се вратат на терените.

Последен на списокот на луѓе на кои и помогнала е Новак Ѓоковиќ! Д-р Маријана е дури и со Новак во Мелбурн, а причина за тоа е фактот што многу му помогна да остане на Австралија Опен.

Во еден момент се чинеше дека Новактешко ќе го „истурка“ турнирот до крај, а потоа во целата приказна се вклучи и познатата докторка.

Долга е листата на спортисти кои се лекувале кај неа… Од Дејан Станковиќ, Енди Мареј, Алексис Санчез, Кристијано Роналдо и многу други.

– По моите третмани, мускулот е целосно нов. Нема трага од претходна повреда. Бидејќи мускулот е сосема нов – нема лузни, сенки, фиброза, нема можност за повторување на повредата, тоа е втората ставка од револуционерната метода. На крајот од терапијата се прави скенирање за да се потврди тоа. Значи, поентата е да се постигне целосна регенерација на мускулите – вели таа во интервју за ТВ Прва.

По овој третман, закрепнувањето трае значително помалку време.

– Терапиите се толку силни што еден час терапија заменува една недела третман со која било метода во светот. Затоа, ако кажат дека треба да мирува еден месец, ќе го решам проблемот за четири часа – објасни Маријана.