Connect with us

Фудбал

Коке: Време за титула

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Коке истакна дека нема фаворити во финалето на Лигата на Европа, кој ќе се одигра помеѓу Атлетико Мадрид и Марсеј.

Атлетико во 2014 и 2016 година играше финале во Лигата на шампионите и два пати  беше поразен од градскиот ривал Реал Мадрид. Сега ќе се бори за трофејот од Лига Европа против францускиот тим Олимпик Марсеј.

“Го сакаме трофејот бидејќи премногу се боревме изминатата сезона, одигравме финале, но не можевме да победиме. Сега е време конечно да го направиме тоа”, рече  Коке, додавајќи:

“Во финалето, може се да се случи, нема фаворити. Точно е дека имаме искуство со играње во финалето, но мислам дека шансите се еднакви, бидејќи деталите можат да го решат исходот”.

Финалето на Лигата на Европа ќе се игра во среда во 20:45 во Лион.