Connect with us

Фудбал

Кокелан ново засилување за Валенсија

Французинот, Франсис Кокелан е нов член на шпанската Валенсија. Ова денеска го потврди клубот, на својата официјална веб страна.

„Среќен сум што ќе играм во еден голем клуб како што е Валенсија, тим со голема традиција и историја, чиј дрес го носеле много големи фудбалски имиња“, изјави Кокелан за клупскиот портал.

Популарните „лилјаци“ му исплатија на Арсенал 14 милиони евра за неговите услуги, на кои ќе може да сметаат во наредните 4,5 години.

26-годишниот фудбалер се очекува веднаш да му се стави на располагање на тренерот Марселино и тоа веќе за претстојниот дуел против Депортиво Ла Короња кој е закажан за во сабота.

Според договорот, откупната клаузула за Кокелан изнесува 80 милиони евра.

Тој е е второ засилување на Валенсија во зимскиот трансфер период, откако пред неколку дена на „Местаља“ како позајмен играч од Атлетико Мадрид дојде Лусијано Вието