Connect with us

Фудбал

Колина се повлече од функцијата во УЕФА

Легендарниот италијански фудбалски судија, Пјерлуиџи Колина, соопшти дека од лични причини се повлекува од функцијата претседетел на Судискиот комитет при УЕФА.

Колина оваа функција ја извршуваше изминатите осум години, а одлука ја соопшти денеска на семинарот за судии на УЕФА што се одржува во Нион.

На негово местото веднаш беше назначен неговиот сонародник познатиот судија Роберто Росети.

– Имав привилегија да бидам претседател на Судискиот комитет на УЕФА изминативе осум години. Горд сум на резултатите што ги постигнавме. Сакам да и се заблагодарам на УЕФА за силната поддршка која ми ја даде на судиите во изминативе години, како и на судиите за нивната посветеност, изјави Колина.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја прифати оставката и му се заблагодари на Колина за неговиот придонес во европскиот фудбал.

Колина покрај оставката во УЕФА, останува да ја узвршува функцијата претседател на Судискиот комитет на ФИФА.