Connect with us

Кошарка

Колку ќе заработи Мајкл Џордан од документарецот и што ќе прави со толку пари?!

Сите зборуваат за документарниот серијал кој почна да се емитува во САД, насловен „The Last Dance“, а посветен на Мајкл Џордан. Многу работи откри „Летечкиот Мајк“ од неговиот живот, некои познати, но повеќе непознати факти.

Американските медиуми објавија дека Џордан, чије богатство е проценето на над две милијарди долари, се договорил за богат хонорар со продукцијата која го снимаше документарецот. Тој ќе добие помеѓу три и четири милиони долари. Сепак, сите пари ќе ги донира во хуманитарни цели.

Американските медиуми објавија дека со појавата на документарниот серијал, скокнала продажбата на спортските брендови на Мајкл Џордан.