Connect with us

Фудбал

Колку пари ќе изгуби Ливерпул доколку Барса одлучи да го продаде Кутињо

Шпанските медиуми овие денови се се’ погласни за тоа дека Кутињо не е среќен во Барселона.

Кутињо во Барселона пристигна пред една година од Ливерпул за неверојатни 160 милиони евра, со што сатана и нај скапиот играч во историјата на овој клуб. Бразилецот брзо се вклопи во играта на „каталонсакиот“ клуб и одлично ја започна новата, но со повредата дојдоа и проблемите за Бразилецот.

Бразилецот мораше да одмара неколку недели поради повреда, а тоа го искористи Осман Дембеле кој го „зациментира“ своето место во првата постава. Кутињо не крие дека не е задоволен од моменталната минутажа, но порача дека ќе се бори за да го поправи тоа.

Меѓутоа, во претходните денови се повеќе се пишува во медиумите за тоа дека Кутињо по само година дена би можел да ја напушти Барса и да се врати во Англија. Бразилецот се поврзува со заминување во Манчестер Јунајтед, а наводно во Барселона немаат ништо против овој трансфер за да заработат пари за евентуално да го вратат Нејмар.

Сепак, сето ова се уште е само шпекулација и нема официјални информации за можното заминување на Кутињо. Но, во Ливерпул веќе размислуваат за тоа дека можат неочекувано да изгубат огромни пари. Имено, доколку Барса го продаде Кутињо, тогаш „Редсите“ ќе останат без бонуси.

Поради договорот често мораат да плаќаат бонуси кон Ливерпул, а за секои 25 натпревари Барса на Ливерпул мора да му исплати 4,4 милиони фунти. Кога се ќе се собере, во случај Кутињо да ја напушти Барселона овој месец, Ливерпул ќе остане без 22 милиони фунти бонус.