Connect with us

Тајмаут

Колку цигари дневно пуши Маурицио Сари?

Маурицио Сари, новиот тренер на Челзи, тешко може да се одвикне од старата навика, а тоа е консумирање на никотин.

Италијанецот во Челзи дојде од Наполи, а сега доби наредби да почне да носи одела, но и да престан да пуши.

Правилата во Британија се такви што Сари нема да има можност за време на натпреварот да запали цигара, а во Наполи дури имаше и посебна просторија во која пушеше цигари.

Сега, Сари ќе мора малку да се смири, но прашање е како ќе се откаже од таквото задоволство.

Англиските новинари откриа дека Сари дневно пуши повеќе од 80 цигари, во просек околу пет во еден час.

Сари сепак има поголема грижа, а тоа е како да го подигне нивото на игра на Челзи и како овој тим да го врати на самиот врв на англискиот фудбал, откако во претходната сезона не обезбедиа пласман во Европа. Сари му вети на навивачите „забавен фудбал“, но исто така ветил дека ќе направи се за да се освојуваат трофеи.