Connect with us

Фудбал

Колку заработи Црвена Звезда со пласманот во Лигата на шампионите

Црвена Звезда успеа да се пласира во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар во Белград одигра 0:0 против Салцбург, но во реваншот одиграа 2:2, па благодарение на голот во гости успеаа да се изборат за место во Лигата на шампионите.

Со самиот пласман во групната фаза „Црвено-белите“ ќе добија 15 милиони евра, но тука приказната не завршува. Имено, за секоја победа која ќе ја оствари, Звезда ќе инкасира 2,7 милиони евра, а за секое реми околу 900.000 евра.

Покрај тоа, одличните игри во лигата на шампионите му овозможиа да го продаде својот најдобар играч Немања Радоњиќ на Марсеј за 12 милиони евра, па можеме да констатираме дека Звезда во наредните години нема да има финансиски проблеми.

За потсетување, ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите е денеска од 18:00 часот, а тогаш ќе дознаеме кој великан навивачите ќе го гледаат во Белград оваа сезона. Дали тоа ќе биде Барселона, Реам Мадрид, Баерн, Јувентус или некој друг, останува да видиме.