Connect with us

Фудбал

Конечно добри вести, фудбалерите добија дозвола да продолжат со нормален живот

Фудбалерите на Фиорентина кои биле во контакт со Душан Влаховиќ, чиј тест на Ковид-19 беше позитивен го поминаа 14-дневниот карантин. Никој од нив не е позитивен.

Тие во петокот добиле дозвола да го напуштат карантинот и да му се вратат на нормалниот живот, секако колку е тоа можно во вакви услови кои владеат во Италија.

Членовите на клубот кои биле позитивни се на лекување и добро се опоравуваат. Мешу нив е и Душан Влаховиќ. Кога нивната состојба ќе биде стабилна и тие можат да го напуштат карантинот, но сепак ќе мора последните два теста да бидат негативни.