Connect with us

Ракомет

Конечно Вардар се радуваше, победа против Нексе

Актуелниот европски првак конечно забележа победа, но овој пат во СЕХА лигата. Вардар славеше на гостински терен против Нексе со 31:30, минимален резултат, но ако се знае дека реваншот го игра на домашен терен, тогаш оваа предност може да се покаже како голема.

Ова е прва гостинска победа на „црвено-црните“ од декември минатата година кога славеа против Војводина, исто така во СЕХА лигата.

Тимур Дибиров имаше одлично попладне и постигна 12 погодоци, а го следеше Скубе со 6. Во спротивниот табор најефикасен беше Пешиќ со седум погодоци.

Реваншот од ова четвртфинале се игра на 15-ти март во Скопје.