Connect with us

Фудбал

Конечно, завршуваат маките на Герет Бејл? Велшанецот е на чекор од враќање во Тотенхем

Играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл може да се врати во Тотенхем, пишува шпанскиот Марк.

Спарс е подготвен да одвои помеѓу 50 и 60 милиони евра за Велшанецот и веќе ги информирале челниците на кралскиот клуб за нивните намери.

30-годишниот Бејл се пресели од Тотенхем во Реал во 2010 година за рекордни 100 милиони евра, по што запиша 230 настапи во шест сезони и постигна 102 гола и освои 14 трофеи.

Сепак, последната сезона беше прилично турбулентна за Велшанецот, кој поради лошите игри беше на мета на навивачите на Реал, а по доаѓањето на Зинедин Зидан, стана јасно дека нема место за него во тимот.

Најголем проблем може да биде платата на Бејл. Тотенхем јасно стави до знаење дека не може да плати 17 милиони годишно, плус бонуси, но може да се постигне компромис.

Бејл во моментов е со тимот на Реал во подготовките за следната сезона, а Спарс има време до 8 август за да постигне договор за трансфер, бидејќи потоа завршува трансфер период во Премиер Лигата.