Connect with us

Фудбал

Конте: „Доколку треба да одам во војна, би сакал да го имам Артур крај мене“

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте уште еднаш ја потенцира борбеноста на Артуро Видал за кого рече дека е играч кон кого има голем респект.

Не е во ред да говорам за играч од друга екипа, особено ако тој играч е поврзуван со нас. Сепак, морам да кажам Артуро е фантастичен фудбалер. Имам голема почит кон него со кого поминавме многу години во Јувентус. Доколку треба да одам во војна, би сакал да го имам Артур крај мене, изјави Конте.

За Видал долго време се говори дека ќе го напушти Баерн Минхрн и е поврзуван со Интер и Челзи.

Се чини дека Конте ќе биде воодушевен ако на неговиот тим му се придружи 30-годишниот Чилеанец.