Connect with us

Фудбал

Конте го предупреди Абрамович да не презема ненадејни одлуки

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте го посоветувал сопственикот на клубот Роман Абрамович да не носи никакви ненадејни одлуки. Италијанецот соопштил дека негово разрешување би била глупава постапка на рускиот милијардер. Конте и Абрамович одржале средба пред неколку дена, пишуваат британските медиуми.

Конте му рекол на сопственикот на клубот дека треба да ја продолжат заедничката работа, не поради успехот на тимот минатата сезона, туку затоа што Абрамович му верува.

Италијанецот додал пред Абрамович дека постојат два начина – глупавиот и интелигентниот.

– Ако не победуваш, се обидуваш да изградиш нешто важно. Постојат два начина – глупавиот и интелигентниот“, споделил менаџерот на Челзи.

Имаше многу сериозни шпекулации во текот на изминатите неколку недели за иднината на 48-годишниот Конте. Луис Енрике и Маурицио Сари се поврзуваат со менаџерската позиција на Челзи.

Абрамович сепак се чини дека научил од грешките од минатото. Во претходните години, менаџерот обично беше првиот што заминуваше по мали кризи. За потсетување се случаите со Луис Фелипе Сколари, Андре-Вила Боаш и Жозе Мурињо.

Затоа Абрамович не брза да го разреши Конте и ќе ја следи ситуацијата одблизу и во текот на летото можно е лидерите на бунтот против Конте да го напуштат клубот.

Италијанскиот селектор има договор со тимот од Лондон до 2019 година со плата од 10 милиони евра за сезона.

Во случај на предвремено раскинување на договорот без негова согласност, Челзи ќе мора да му плати надомест од 30 милиони евра – ставка која е напишана во клаузулата во неговиот договор