Connect with us

Фудбал

Конте: Имавме вистински одговор

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте е задоволен од играта на неговите избраници на денешниот дуел со Њукасл, посебно по водството на противникот.

 Не почнавме добро, но откако примивме гол, се разигравме. Реагиравме со вистински интензитет, па затоа сум задоволен, иако очајно влеговме во овој натпревар, рече Конте.

По паузата тоа беше солиден настап. Покажавме дека сме мотивирани. Одговорот на играчите кои добија местото во ротацијата беше позитивен. Њукасл имаше повеќе време за одмор, но за среќа дојдовме до победа, изјави италијанскиот стручњак.

Челзи попладнево го победи Њукасл со 3:1 и дојде на третото место на табелата со 32 поени зад екипите од Манчестер, Јунајтед и Сити.