Connect with us

Фудбал

Конте каков што досега не сме го виделе: „Премногу сум чесен за да заработам плата на овој начин“

Тотенхем го смени менаџерот, но никој од нив после Маурисио Покетино не може да направи сериозни резултати.

Раководството на тимот се обиде со Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санта. Двајцата добија отказ, а пристигна Антонио Конте.

Сепак, Спарс и познатиот италијански тренер играат многу променливо. Минатата недела ладнокрвно го добија актуелниот шампион Манчестер Сити, а вчера беа поразени од тимот кој се бори за опстанок – Барнли.

По овој пораз, Антонио Конте сака да разговара со раководството на клубот и нема да биде изненадување доколку си замине од менаџерската функција.

„Морам да разговарам со клубот. Премногу сум чесен за да ги затворам очите пред се и да продолжам вака, а притоа да земам плата“, рече Конте и продолжи:

„Сакам да преземам одговорност. Подготвен сум за секоја одлука бидејќи сакам да му помогнам на клубот. Четири порази во последните пет натпревари се нешто што ми се случува за прв пат во животот. Ова е неприфатливо“.

Тој истакнува дека дошол на помош, но дека нешто очигледно не е во ред.

„Се обидов да му помогнам на тимот да напредува, но како да не сум доволно добар за тоа во моментов. Се обидувам да ја сменам ситуацијата, но ништо не се менува. Некои зборуваат за борба за четврто место, а реалноста на последните пет натпревари е дека треба да внимаваме да не испаднеме“.

„Ова е вистина. Ова е реалноста и кога се случуваат вакви работи, веројатно нешто не е во ред. Јас сум премногу чесен за да замижам пред се и да кажам дека се е во ред само за да заработам плата. Сакам да направам пробив со клубот“, рече Конте.

Тотенхем моментално е на осмото место во Премиер лигата со 39 освоени бодови.