Connect with us

Фудбал

Конте откри зошто го одби Реал (М)

Шпанските медиуми се убедени дека прашање е само на часови кога Сантијаго Солари и официјално ќе биде промовиран за постојан тренер на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М). Како привремен тренер, Аргентинецот запиша четри победи со гол разлика 15-2.

Најсериозен кандидат за тренерското столче беше Антонио Конте. Сепак, италијанскиот стручњак го доби “врелиот компир” и остана слободен, но и во следниот период ќе добива плата од лондонскиот премиерлигаш Челзи поради предвремениот прекин на соработката.

  • Подобро е да се чека, отколку да се скокне во возот кој вози многу брзо. Сакам да бидам тренер на некој клуб од јуни. Моментално не сум расположен за работа, но можеби така нема да биде за три месеци, изјави Конте.

Фудбалските медиуми со месеци шпекулираат дека Конте е во игра за тренерската функција во редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, каде што се поголемо е незадоволството од работата на Џенаро Гатузо. Иако е фудбалска легенда на Јувентус, на Апенините веруваат дека Конте е тоа што му треба на Милан за да се врати на славната патека.