Connect with us

Фудбал

Конте: Со ваква игра, немаме шанси во финалето против Јунајтед

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте ги предупреди своите фудбалери дека треба да ги подобрат перформансите за претстојниот дуел со Манчестер Јунајтед. 

Двата тима излегуваат во финалето на ФА Купот во сабота, а навивачите на тимот од Лондон останаа разочарани од финишот на сезоната во Премиер лигата. 

Вчера Челзи загуби со 3:0 од Њукасл и остана на пет поени од четвртото место во конечниот пласман.

„За средбата со Манчестер Јунајтед сигурно треба да ја промениме играта. Со таквото претставување немаме шанси во финалето. Имаме шест дена, за да го смениме нашиот пристап и желба да се бориме … Нашите фанови заслужуваат повеќе“, изјави Антонио Конте.