Connect with us

Фудбал

Конте суров: Невозможно е да не споредуваат со Челзи

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, истакна дека „има уште многу работа“ во клубот, по поразот од Челзи во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот.

Спарс беа поразени на „Стемфорд Бриџ“ со 2:0. Тотенхем немаше шут кон голот на ривалот во првото полувреме.

„Важно е да се биде трпелив“, рече Конте.

“Има уште многу работа пред нас. Има многу аспекти во кои треба да напредуваме. Но, потребно е време. Сите треба да бидат трпеливи… Јас секогаш сум искрен со моите играчи. Затоа го велам тоа Челзи беше многу подобар тим од нас. Невозможно е да се споредува. Има голема разлика во моментов, но мора да се бориме да им се доближиме. Ние сме на вистинскиот пат“.

Италијанскиот стручњак треба да се сретне со челниците на клубот за да разговара за преодниот рок.

“Мораме да бидеме скромни, да ја разбереме ситуацијата. Невозможно е да се промени нешто драстично во два или три преодни рока. Лесно е да се каже дека треба да купуваме играчи. Но, сега најважно е да се посветиме на работата.

Вториот натпревар меѓу двата тима е закажан за 12 јануари.