Connect with us

Фудбал

Контроверзниот Мамиќ: Ги избрка од клубот, а потоа им ги објави платите на фејсбук

Контроверзниот Здравко Мамиќ одлучи да ги соопшти платите на стручниот штаб, но тоа го направи преку социјалните мрежи. Имено, тој во моментов се „крие“ од полициските и судските власти и избеган е во Босна и Херцеговина. Во Хрватска го бараат поради даночни малверзации.

Поради пандемијата со коронавирусот, многу клубови во светот се договориле со играчите за намалување на платите. Тоа сакаше да го стори и Динамо Загреб. Сепак, некои кажаа НЕ па поради тоа добија отказ.

Мамиќ ги избркал сите соработници на тренерот Ненад Бјелица. А, колку заработиле во изминатите 20 месеци, Мамиќ објави на Фејсбук.