Connect with us

Фудбал

Корејците се собраа на центарот, наместо прослава, неизвесност, драма, а потоа…(ВИДЕО)

Со оглед на тоа дека мечот помеѓу Јужна Кореја и Португалија (2:1) заврши порано 7-8 минути од мечот Уругвај – Гана (2:0), Корејците наместо бурна прослава беа во неизвесност. Само еден гол му требаше на Уругвај за да обезбедат пласман во осминафиналето. Судиите тој меч го продолжија за 8 минути, фудбалерите на Кореја останаа на центарот, на мобилните телефони го гледаа мечот, овие минути им беа како цела вечност. Сепак, Уругвај не успеа да постигне трет гол, судијата означи крај, а потоа „бууум“ прослава, емоциии, радост….